Возач на товарно возило не поседувал картичка за уред во запишување во патниот сообраќај

При извршена контрола на товарно моторно возило со тетовски регистарски ознаки во сопственост на правно лице од Тетово, на патниот правец Крива Паланка-Куманово полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, утврдиле дека возачот не поседува картичка за уред во запишување во патниот сообраќај, а тахографот на возилото е небаждарен.
Како што соопштуваат од МВР, за настанот е известен државниот инспекторат за транспорт од чија страна се изречени глоби во износ од 4000 евра.
-Денеска околу 15.30 часот од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, на патниот правец Крива Паланка - Куманово, запрено е товарно моторно возило „МАН" со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од И. К. од Крива Паланка. При извршена контрола на возилото, утврдено е дека возачот не поседува картичка за уред во запишување во патниот сообраќај, а тахографот на возилото е небаждарен со што возачот и правното лице сториле прекршоци по член 60 став 1.8 и член 57 ст.1.12 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен државниот инспекторат за транспорт од чија страна се изречени глоби во износ од 4000 евра, се наведува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
