Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Скопје
Возач на мопед бил тешко повреден во една од вкупно 21 сообраќајна незгода што се случиле во текот на изминатиот ден. Во девет сообраќајки со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во 11 била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 16 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, четири лица за не носење заштитен шлем, 14 возачи за не носење сигурносен појас, како и 29 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Вчера санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки.
Затекнати биле 59 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 69 возила.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании