Воз на компанијата „Амтрак“ излета од шините кај Филадефија, во несреќата има две жртви
Американската железничка компанија „Амтрак“ го запре сообраќајот по важниот Североисточен коридор меѓу Њујорк и Филаделфија, после сударот меѓу нејзин воз и багер, крај Филаделфија, во државата Пенсилванија, пренесоа светските агенции.
Според телевизијата Еј-Би-Си, во сударот загинале две лица.
„Амтрак“ единствено соопшти дека меѓу патниците има повредени.
Возот се движел на линијата Њујорк - Савана, во државата Џорџија. Тој се судрил во багер што се наоѓал на шините, по што локомотивата излетала од шините.
Несреќата се случила во Честер, на околу 25 километри од Филаделфија.
Според „Амтрак“ , во возот имало 341 патник и седум вработени на компанијата.
Спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, а надлежните органи веднаш почнале истрага.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп