Воведување лична асистенција за социјална вклученост на лицата со попреченост
Услуги за лична асистенција и професионална рехабилитација, обезбеди двегодишниот проект „Унапредување на услугите за социјална вклученост”.
На презентацијата на придобивките од воведувањето на услугите денеска на плоштад „Македонија“ лица со попреченост прикажаа производство на конкретни производи, како и дека можат активно да се вклучат во општествениот и професионалниот живот, да користат јавен транспорт, да работат и да го продолжат образовниот процес и да живеат посамостојно, поквалитетно и подобро.
Корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика, а го спроведува WYG International Ltd.
Седумдесет лица со телесна попреченост и 70 лични асистенти, со поддршка од девет даватели на услуги на национално ниво, беа вклучени во пилотирање на услугата лична асистенција. Нивните заклучоци, предлози и сугестии, како што информираа носителите на проектот, значително придонеле во креирање услуга по нивна мерка. Покрај изработените стандарди, програма и предлози за промена на законската регулатива, овој проект има крајна цел да стане една од услугите за вонинституционална заштита. На тој начин, појаснуваат, да им овозможи на сите лица со попреченост на кои им е потребна, подобра вклученост во општеството, јавниот и социјалниот живот, продолжување на образовниот процес и професионална рехабилитација.
Проектот опфати и јакнење на капацитетите на професионалците кои работат со лица со попреченост и промовирање систем за професионална рехабилитација како пилот активност во девет организации, институции и центри.
Ново на Сител
-
Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“
-
Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговорите
-
Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече
-
Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и засилување на тензиите
-
Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер
-
Состојба на патишта
-
19 годишник со „сеат алтеа“ удрил во женско лице кое починало на лице место
-
На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање