Воспоставена директна авиолинија Охрид - Цирих со „Германија флуг АГ“
Од 17 декември годинава ќе биде воспоставена директна авио линија од Скопје до Цирих со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, соопшти денеска ТАВ Македонија.
Оваа дестинација веднаш ќе биде додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Летовите ќе се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“, а билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com.
Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година. Претставниците на авиопревозникот неодамна ја посетија Македонија на покана на ТАВ и се сретнаа со членови на маркетинг-одделот на аеродромскиот оператор, како и со менаџментот на „ТАВ Македонија“.
- Навистина сме среќни што оваа соработка ќе почне да се реализира и на тој начин ќе се зајакнат нашите напори за презентирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација и особено, едно од нејзините најубави места, Охридското езеро и градот. Очекуваме оваа рута да служи како добра врска помеѓу Македонија и Швајцарија, но и да функционира како линк меѓу Германија, особено нејзиниот јужен дел, и Швајцарија со Македонија како крајната дестинација, истакна Серкан Карахатај, маркетинг-координатор во „ТАВ Аеродроми“.
Додавањето на оваа дестинација е дел од маркетинг-активностите на ТАВ со цел да се прошири листата со летови на двата македонски аеродрома - скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“. Неодамна, на покана на ТАВ, поголем број француски и полски тур-оператори ја посетија Македонија и Охрид со истата цел - воспоставување нови летови и зголемување на сообраќајот на охридскиот аеродром.
- Летовите од Охрид до Цирих ќе ги реализираме во име на нашиот партнер „Ер Приштина“. Пресреќни сме што нашето долгогодишно партнерство ќе го прошириме со оваа нова рута. „Ер Приштина“ и „Германија флуг АГ“ веќе соработуваат во Швајцарија на летовите од Цирих до Скопје, како и од Цирих и Женева до Приштина, вели Урс А. Пелицони, главен комерцијален директор и извршен член на одборот на „Германија флуг АГ“.
Оваа авиокомпанија, чие седиште е во Глатбруг, Цирих, е основана во август 2014 година. По првиот лет во март 2015, авиопревозникот обезбедува услуги на низа дестинации за одмор и до градови во балканскиот регион.
Освен воведување нови линии, „ТАВ Македонија“ годинава евидентира и зголемен број на патници. Во првите 10 месеци од 2016, во споредба со истиот период лани, има пораст за 16 отсто односно на двата аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, е достигнат вкупен број од 1.534.591 патници. Во истот временски период бројот на полетувања и слетувања е зголемен за 11 проценти, односно реализирани се вкупно 14.406 летови.
Ново на Сител
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина
-
Голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини