-->
-->
Воспоставен безвизен режим меѓу Македонија и Украина
-->
Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Македонија, објави денеска на Твитер државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац.
– Стартот на безвизниот режим со Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи, наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Македонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.
Украинската Влада на 21 август го одобри Договорот со земјава за условите за укинување на визниот режим со земјава. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт безвизен режим
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг