Ворен Бити со награда за животно дело во Њујорк
После повеќе од 50 години во Холивуд, оскаровецот Ворен Бити вчера доби награда за животно дело на Музејот на подвижни слики во Њујорк, во пресрет на премиерата на неговиот прв филм во последните 15 години.
Ворен Бити (79) ја почна кариерата во 50-те години од минатиот векна телевизија, а потоа дипломираше глума и стана познат во 1967 година како главен актер и продуцент во филмот „Бони и Клајд“, еден од антологиските во историјата на американската кинематографија.
Во новиот филм, романтичната драма „Rules Don't Apply“ каде се појавува и како сценарист и режисер, Бити го игра милијардерот Хауард Хју и тоа ќе му биде тоа прва улога во последните 15 години и прва режија од комедијата „Bulworth“ од 1998 година.
Појавувајќи се на свеченоста со актерката Анет Бениг, која му е сопруга во последните 25 години, Бити рече дека семејството му е поважно од холивудските достигнувања, вклучувајќи ги и големиот број номинации за Оскар и Златен глобус.
- Таа е најубавата работа која некогаш ми се случила, изјави тој покажувајќи на Бенинг.
- Имаме четири деца, а тоа е подобро од кој и да е од 50 филмови, поточно секое дете е подобро отколку стотина филмови, рече Бити.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба