Вoорyжена група презеде турски нафтен танкер близу либиското крајбрежје, 11 заложници
Вооружена група Либијци презедоа турски нафтен танкер на две морски милји оддалеченост од брегот на Либија, пренесе ТАСС.
Според телевизија Си-Ен-Ен Турк на бродот има екипаж од 11 луѓе, а грабнувачите бараат откуп.
Танкерот Хаџи Тели го напуштил турското пристаниште на 11 февруари, заминувајќи за Валета, Mалта. Танкерот пристигнал во либиското пристаниште Зуварах, при што шестмина вооружени лица, претставувајќи се како обезбедување се качиле на танкерот, објаснувајќи го чекорот како стандардна процедура. Подоцна, вооружените лица соопштија дека ќе го задржат пловилото, а единаесетте членови од екипажот се држат како заложници се додека не се плати откуп за нив.
Танкерот Хаџи Тели, во сопственост на турска компанија, бил изнајмен од либиски бизнисмен, кој требало во својата земја да увезе нафтени деривати во вредност од 433.000 долари.
Ново на Сител
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано