Вооружени напаѓачи упаднале во болницата каде се наоѓа бебето Аја кое се роди во земјотресот
Вооружени напаѓачи упаднале во болницата во северна Сирија каде што е задржано бебето Аја, родена во урнатините на земјотресот, изјави службеник на болницата, додавајќи дека напаѓачите го претепале директорот на клиниката, соопшти сирискиот портал ITV NEWS.
Службеникот, кој сакаше да остане анонимен, ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека нападот во понеделникот вечерта бил обид за киднапирање на новороденчето, кое го доби името Аја.
Аја беше пренесена во болница неколку часа по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Таа е родена во урнатините на куќата, а нејзините родители и браќата и сестрите загинале во земјотресот.
Веста за нејзиното раѓање во урнатините го обиколи светот, а луѓе од целиот свет се понудија да ја посвојат.
Службеникот рече дека директорот на болницата се сомневал дека медицинскиот работник кој ја фотографирал Аја планирал да ја киднапира и го избркал од болницата.
Медицинскиот работник се вратил неколку часа подоцна, придружуван од вооружени лица кои го извршиле нападот и наводно го претепале директорот. АП пишува дека сопругата на директорот ја доела Аја.
По пристигнувањето во болницата, напаѓачите наводно им рекле на полицајците кои го чувале бебето да го бараат директорот затоа што тој го отпуштил нивниот пријател. Официјално лице од болницата рече дека напаѓачите не биле заинтересирани за Аја.
Мајката, таткото и четирите браќа и сестри на Аја загинаа во катастрофата, а таа беше внимателно следена од самото раѓање, при што луѓе од целиот свет понудија да ја посвојат.
Меѓутоа, се појавиле неколку луѓе кои лажно тврделе дека се нејзини роднини, поради што локални полицајци ја чуваат.
Спасувачките екипи во северниот сириски град ја открија Аја повеќе од 10 часа по земјотресот, затрупана под бетон, сè уште поврзана со нејзината мајка со папочната врвца.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
