Вооружена пресметка на мигранти во Суботица: Еден загинат и седуммина повредени меѓу кои и девојче
На периферијата на Суботица утрово дошло до вооружена пресметка меѓу мигранти. Според првичните информации, еден мигрант им подлегнал на повредите, а седуммина се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.
Повредените мигранти се згрижени во болницата во Суботица, а меѓу нив има и 16-годишно девојче чиј живот е во животна опасност.
До судирот меѓу две ривалски групи мигранти најверојатно дошло поради расправија кој ќе ги шверцува мигрантите преку блиската српско-унгараска граница..
Најмалку 15 возила на жандармеријата и полицијата се на терен. Полицијата ги блокирала приодите до шумата каде се случила пресметката, а на местото на конфликтот пристигнат е и министерот на полицијата Александар Вулин.
Градоначалникот на Суботица, Стеван Бакиќ, по повод инцидентот изјави дека локалното население со овој настан не е загрозено и дека не е загрижен за безбедноста на жителите на Суботица, но додаде дека безбедноста на граѓаните на Суботица ќе се подигне на повисоко ниво по овој конфликт.
Како што објасни Мирсад Налиќ, претседателот на Советот на месната заедница Маково во Суботица, конфликтот меѓу мигрантите, Авганистанци и Пакистанци се случил околу седум часот наутро во блиската шума.
-Овде со денови од утро до вечер поминуваат такси возила со сомборски регистерски таблички и ги носат во шума. Полицијата ги враќа назад, но по еден час се враќаат. Се уште не се знае точно што се случило во шумата, полицијата е на терен и сите пофалби за нивната работа, изјави Налиќ, пренесува порталот subotica.com.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
