-->
-->
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал
-->
Две лица се ранети откако напаѓач вчера отворил оган во продавница во округот Обухив, Киевска област, јавија украинските медиуми. Напаѓачот е фатен, соопшти Националната полиција.
Според украинските власти, инцидентот се случил вчера попладне, кога полицијата добила дојава дека непознат маж влегол во продавница во областа Обухив и почнал да пука.
Напаѓачот ги ранил продавачот и сопственикот на објектот, а потоа избегал.
Полицијата пристигнала на местото на инцидентот, повикала лекарска помош, го идентификувала напаѓачот и почнала акција за негово апсење.
Се работи за 36-годишен локален жител со досие, кој за ова дело се соочува со казна затвор од седум години. Повредените лица не се во животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонска гордост
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања