-->
-->
Вооружен напад во скопско - Две лица убиени, едно тешко повредено
-->

Две лица се убиени, а едно се бори за живот по вооружен напад кој синоќа после 23 часот се случил во скопското село Грчец.
Според информациите до кои дојде Алфа сега убиените и повреденото лице биле во возило марка мерцедес паркирано од влезот на селото во близина на селската продавница. Во нив било пукано од лице или лица кои по нападот побегнале.
Од МВР не даваат информации дали убиените или повредениот се од селото ниту пак од какво оружје е пукано, а нема информации ниту за бројот на напаѓачите. Повредениот после извршената операција е задржан во болница на лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд