Македонија
7. August 2016 - 14:14

Вооружен маж по потекло од Македонија се забаракадира во ресторан во Германија

Вооружен маж, по потекло од Македонија, се забрикадира во ресторанот „Дубровник“ во градот Зарбрикен во западниот дел Германија, јави ДПА.

Полицијата верува дека мажот е зет на сопственикот на ресторанот, кој веќе неколку години живее во Германија. Тој утрово влегол во ресторанот и побарал сите хигиеничарки да излезат. Според нивните искази, тој на алиштата имал крв и можно е да е ранет.

Припадници на полицијата се распоредени околу ресторанот, а полициски преговарачи и психолози се убедуваат да го убедат мажот да се предаде.

Претставник на полицијата соопшти дека најверојано станува збор за лице со „психички проблеми“, тој не држи заложници и нема „причини да се верува дека настанот е поврзан со тероризам“.

Полицијата не знае ниту какво оружје поседува мажот.