-->
-->
Вооружен грабеж во обложувалница во Скопје
-->
Вчера околу 20,20 часот во Скопје на ул.„Васил Ѓоргов“ во спорската обложувалница „Спорт Лајф“, непознат сторител маскиран со фантомка на главата и вооружен со огнено оружје пиштол извршил разбојништво при што од касата одзел 70.000 денари, а потоа со ПМВ „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, го напуштил местото на настанот.
Од страна на полициски службеници, наведеното ПМВ е пронајдено и лицата кои биле затекнати во истото се приведени во ПС„Центар“, а возилото е пренесено во кругот на БПС.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација