-->
-->
Вонредна состојба на патиштата, еве каде има наноси од кал и камења
-->
На регионалниот пат Р- 1105 Удово – Валандово на 5+350 км поради прелевање на вода од Калковска река на коловозот има наноси од кал и камења. Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На регионалниот пат Р- 1108 Гевгелија – Смрдлива Вода- ски центар Кожуф 2+350 км поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдени големи количества на вода однесена е една колвозна лента од патот во дожина од 15 – 20 метри.
Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион