-->
-->
Вонредна прогноза на УХМР: Промена на времето
-->

И утре ќе преовладува стабилно и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој повремено ќе се засилува, особено вдолж Повардарието.
Промена на времето се очекува во вторник, кога ќе настапи зголемување на облачноста проследена со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, со засилен ветер и појава на грмежи. И во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне. Дневните температури на воздухот ќе опаднат за околу 7 степени, а на некои места и повеќе, и ќе се движат во интервалот од 23 до 30 степени.
Ултравиолетовиот индекс ќе има вредност 6.
Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневните температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ