Вонреден состанок на Организацијата за забрана на хемиско оружје за Скрипал
Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска ќе одржи состанок, еден ден откако британска лабораторија призна дека нема докази оти материјата со која бил отруен поранешниот шпион Сергеј Скрипал потекнува од Русија.
Претставниците на 41 држави членки на ОПЦВ ќе се состанат во Хаг по барање на Москва за нова размена на дипломатски аргументи за проблемот кој доведе до една од најсериозните кризи меѓу Русија и Западот по Студената војна.
Неколку дена дена по труењето на Скрипал и ќерка му Јулија на 4 март во англискиот град Солсбери, британската премиерка Тереза Меј ја обвини Москва и рече дека тоа е „единствено можно објаснување“.
Кремљ постојано демантира дека е вмешан во нападот, а рускиот претседател Владимир Путин вчера изрази надеж дека средбата на ОПЦВ ќе стави крај на истрагата.
- Оваа руска иницијатива е нова тактика за диверзија, со цел да ја попречи работата на ОПЦВ во истрагата, реагира во коминике британското Министерство за надворешни работи.
Кремљ смета дека Велика Британија мора да се извини поради неоснованото обвинување на Русија за труењето на поранешниот руски двоен шпион Скрипал.
Претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во Анкара го цитираше шефот на воената британска лабораторија кој рече дека нивни научници не успеале да утврдат извор за нервниот агенс со кој беа нападнати Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Претставникот за медиуми на рускиот претседател изјави дека Велика Британија мора да и се извини на Русија заради своите „луди обвинувања“ што се „сосема неосновани“.
Дмитриј Пексов рече дека Лондон мора да им објасни на своите сојузници кои од солидарност со Британија протераа руски дипломати.
Руски воен хемичар изјави дека нервниот отров со кој беше нападнат поранешниот двоен шпион може да биде направен каде било.
Игор Рјаблаченко шеф на Лабораторијата за хемија во Научниот центар во Министерството за одбрана на Русија изјави за РТ дека „не е проблем“ која било добро опремена лабораторија каде било во светот да синтетизира отров од советско време кој Запад го нарекува „Новичок“. Тој додаде дека во слободна продажба може да се најдат сите потребни хемикалии за таква изработка.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита