Вонреден самит на ЕУ по грчкото „не“

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на ЕУ посветен на Грција.
Како што јавија грчките медиуми, официјален Берлин соопшти дека двајцата лидери се договориле оти одлуката на на грчкиот народ „мора да се почитува“.
Грчкото Министерство за внатрешни работи синоќа соопшти дека врз основа на 71,86 отсто преброени гласови, „не“ гласале 61,53 од граѓаните, додека позитивно се изјасниле 38,47 проценти од гласачите.
На референдумот гласале 61,32 проценти од Грците со право на глас.
- Грчкиот народ денеска одговори на вистинското прашање. Грција од утре ќе се врати на преговарачка маса, но овој пат со прашање за реконструкција на долгот. Нема лесни решенија, туку фер и остварливи решенија, доколку ги сакаат двете страни, изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Ципрас синоќа по референдумот и телефонски разговарал со Оланд, но други детали не се соопштуваат.
Лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија Андонис Самарас по резултатите од референдумот поднесе оставка. Тој го повика заменикот претседател на партијата и поранешен спикер на грчкиот Парламент Евангелос Мимаракис привремено да ја води партијата.
Ново на Сител
-

Приведени две лица во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
-

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето
-

СЗО: Туберкулозата минатата година „покоси“ 1,23 милиона лица низ светот
-

Втора шампионска победа на Еурофарм Пелистер, совладан ПИК Сегед со 25:24
-

Божиновска - Де Грут: Можности за големи енергетски инвестиции и зелена трансформација во Македонија
-

Компанијата „Боинг“ мора да му исплати 28 милиони долари на семејството на жртва во несреќата на „Боинг 737 MAX“ во Етиопија во 2019 година
-

Летонија последна проверка за македонските фудбалери пред гостувањето во Кардиф
-

ЕУ и препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странци
