Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември
Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 овој месец, одлучи синоќа Извршниот комитет на партијата.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Извршниот комитет одлучил да му предложи на Централниот комитет на следната седница да почне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата.
На вонредниот конгрес се очекува да биде разгледана најавената оставка на лидерот на партијата Никола Груевски, која тој ја најави во интервју за „Курир“.
На вчерашниот Извршен комитет биле осудени, како што се вели, и политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април.
- Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата. Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите