Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе
Од денеска треба да почне вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Детската клиника во Скопје.
Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов за МИА рече дека не може да даде изјава бидејќи има смртен случај. Неговата портпаролка не сакаше да даде детали, туку кусо одговори дека „штом заврши надзорот, ќе извести“.
Извори од Инспекторатот за МИА изјавија дека од денеска ќе се врши вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето на три места - почнувајќи од матичниот лекар, Клиничка болница - Штип, па на Клиниката за детски болести во Скопје.
Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете.
Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница на 14 јануари во 18 часот во „тешка општа состојба со засегната свест“.
- Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба, со медицинска придружба во 19 часот, истиот ден, детето е транспортирано до УК ДБ - Скопје, се додава во соопштението.
Од Детската клиника во Скопје потврдија за МИА дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба.
Според првичните извори од Инспекторатот, на Клиниката, детето е примено во екстремно тешка состојба и веднаш згрижено од тим специјалисти и доктори на интензивна нега. Направени биле анализи и утврдено било пореметување на електролитни вредности, тешка ацидоза и дехидрација, како и респираторно и срцево попуштање.
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа