Спорт плус
10. January 2016 - 19:40

Вон најбрза и на супервелеслаломот во Алтенмаркт

Легендарната американка  Линдзи Вон денеска беше најбрза на супер-велеслаломот  што  се возеше во австрискиот ски центар Алтенмарк со што оствари двојна викенд победа по вчерашниот триумф во спуст. 
За Вон ова беше 73-та победа  со што се приближи до рекордот на легендарниот Ингемар Стенмарк кој забележа 86 победи во Светскиот куп во кариерата.