Македонија
31. May 2024 - 12:32

Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата

Преку мали проекти волонтерите од Црвениот крст во Струмица ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата.  Дваесетина млади поделени во пет групи годинава реализираа неколку проекти и помогнаа да се подобри  и олесни секојдневието на одредени целни групи. Благодарение на младите хуманистите и ентузијасти едно семејство во ризик доби обновена куќа и подобри услови  за живот.

Активностите се дел од проектот  , Црвен Крст во акција промоција на хумани вредности кој се реализира повеќе од 20 години.  Програмата претставува и национална алатка за регрутирање и задржување на млади волонтери

Дел од проектот беше и реализација на песна и видео спот на македонски и турски јазик. На тој начин младите испратија порака дека уметноста не познава граници и е најдобриот начин за поврзување на сите луѓе, без разлика во кој дел на светот живеат.