Володин: Против Русија веќе се воведени речиси 19.000 рестриктивни мерки
Претседателот на Руската државна дума, Вјачеслав Володин изјави дека по воведувањето на 12-тиот пакет санкции на Европската унија, против Русија се преземени 18. 772 рестриктивни мерки.
Во објава на Телеграм, Володин оцени дека Европа, постапувајќи по диктат на Вашингтон и воведувајќи санкции против Русија, првенствено им штети на своите граѓани, туркајќи ја нејзината економија во рецесија.
Володин наведува дека, според пресметките на американските медиуми, западните компании кои ја напуштиле Русија изгубиле повеќе од 103 милијарди долари и додава дека овие пари останале во Русија.
„До крајот на годината растот на БДП на нашата земја ќе биде 3,5 отсто“, додаде Володин.
Европската унија вчера го усвои 12-тиот пакет економски и индивидуални санкции против Русија поради војната во УкраинаНовиот пакет вклучува мерки за ограничување на увозот, купувањето или трансферот на руски дијаманти, нови ограничувања и контроли на увозот и извозот, а покрај економските санкции, Советот на ЕУ одлучи да стави „значителен број“ физички и правни лица на листата.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата