-->
-->
Волф: Ферари ќе биде силен во Спа и во Монца
-->

Претседателот на Ф1 тимот Мерцедес, Тото Волф верува дека во следната трка Ферари ќе биде посилен отколку на последното Гран-при во Унгарија.
Според него, патеките во Белгија и Италија повеќе одговараат на италијанскиот тим.
– Ферари има многу моќен мотор, а карактеристиките на машината се такви што може да бидат силни во „Спа“ и во „Монца“. Не се сомневам дека ова ќе бидат сосема различни трки од претходните. За нас тоа ќе бидат тешки патеки, затоа мора да работиме на нашите недостатоци за да бидеме конкурентни на патеката „Спа“.
Во Белгија ќе се вози на 1 септември, додека трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Италија во Монца е закажана за 8 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
