Живот
23. August 2017 - 16:48

Волците од Чернобил ќе ви влеат страв во коски: Погледнете какви ѕверови создала радијацијата!

Изминаа три децении од нуклеарната катастрофа во Чернобил, а последиците се уште се чувствуваат.

Во документарецот кој своевремено е објавен на ХРТ можевте да видите дека многу земји се изложени на радиоактивно влијание, но дека Украина поминала убедливо најлошо.

Животите на луѓето никогаш нема да бидат исти, но ниту на животните, бидејќи тие, исто така, претрпеле сериозни физички, но и психички промени.

На украинската страна, постои „забранета зона“, каде се поставени камери кои снимаат досега невиден дивеч кој се наоѓа во контаминирано подрачје.

Повеќето жители, кои живееле на загрозените подрачја, се префрлени во други делови од земјата, меѓутоа, животните останале и биле приморани да вдишуваат радиоактивни честички.

На самиот врв на еко-системот е волкот. Гласини за чернобилските волци има многу, но факти има навистина малку. Затоа научниците одлучиле да ги проучат баш нив.

Нив ги зачудило што на вака опасно подрачје има многу волци. Како тие животни се снаоѓаат со радиоактивното влијание и дали доаѓаат од неконтамираните зони или тука живеат? Дали се болни или здрави?

Чудно е како нуклеарната катастрофа не создала пустош, туку раскошна дивина преполна со волци.

Погледнете го документарниот филм: