Волци нападнаа стадо овци во штипската приградска населба „Железничка“
Глутница волци скоро му го преполовиле стадото овци на сточарот Кирил Буровски, жител на приградската штипска населба Железничка. Синоќа волците влегле го трлото, лоцирано во самата населба, во непосредна близина на индустриската зона и удавиле 20 овци и пет јагниња, од вкупно 60 грла.
- Штета голема. Преку 2.000 евра чинат 20 овци. Тука за прв пат се случува ова. Населено место, со кучиња, сега е опасно, може и човек, ако е сам да настрада, вели Буровски.
Случајот го пријавил во полиција, а информирани се и од ловното друштво „Ловец“-Штип.
Љупчо Спиоров од Ловното друштво „Ловец“-Штип вели дека засега ловците не можат да интервенираат, бидејќи во моментот на сила е ловостојот и им е потребно посебно одобрение од надлежното министерство за да организираат хајка против овој штетен дивеч.
- Додека не добиеме таква информација и налог, ние не можеме да реагираме во овој случај, рече Спиров.
Во последните неколку години волците се повеќе се приближуваат до населените места, меѓутоа, ова е прв пат да нападнат во урбана средина.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект