Волци нападнаа стадо овци во штипската приградска населба „Железничка“
Глутница волци скоро му го преполовиле стадото овци на сточарот Кирил Буровски, жител на приградската штипска населба Железничка. Синоќа волците влегле го трлото, лоцирано во самата населба, во непосредна близина на индустриската зона и удавиле 20 овци и пет јагниња, од вкупно 60 грла.
- Штета голема. Преку 2.000 евра чинат 20 овци. Тука за прв пат се случува ова. Населено место, со кучиња, сега е опасно, може и човек, ако е сам да настрада, вели Буровски.
Случајот го пријавил во полиција, а информирани се и од ловното друштво „Ловец“-Штип.
Љупчо Спиоров од Ловното друштво „Ловец“-Штип вели дека засега ловците не можат да интервенираат, бидејќи во моментот на сила е ловостојот и им е потребно посебно одобрение од надлежното министерство за да организираат хајка против овој штетен дивеч.
- Додека не добиеме таква информација и налог, ние не можеме да реагираме во овој случај, рече Спиров.
Во последните неколку години волците се повеќе се приближуваат до населените места, меѓутоа, ова е прв пат да нападнат во урбана средина.
Ново на Сител
-
Објавена фотографија од пушката со кој беше убиен Чарли Кирк | ФОТО
-
ОН: Во Северна Кореја се бележи зголемен број на смртни казни и затвореници на принудна работа
-
НЦАА поведе истрага против 13 кошаркари за нелегално обложување
-
Штипското Обвинителство ги испитува причините за несреќата на патот Штип-Радовиш, каде загинаа тројца странски работници
-
Случај Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании
-
Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
-
Десницата и левицата и во ЕП поднесоа одвоени предлози за изгласување недоверба на Еврокомисијата
-
Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи