Македонија
2. April 2021 - 19:41
Војската продолжува да ги обезбедува границите на северот и југот
Претседателот Пендаровски ги врати војниците на северната и јужната граница. Поради ризик од наплив на мигранти и заштита на јавното здравје, тие заедно со полицијата ќе продолжат да ги обезбедуваат границите.
Војниците на Првата пешадиска бригада се меѓу тие кои ќе останат на границите сè додека има потреба.
На денешната прослава на Денот на Пешадиската бригада, министерката за одбрана Шекеринска истакна дека токму овој баталјон има највисоки оценки од Алијансата.
На Денот на Првата пешадиска бригада беа доделени многу награди, признанија и значки за најзаслужните припадници на Армијата.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
