Војската на САД го заострува однесувањето кон Иран

Војската на САД соопшти денеска дека извршува ревизија на сите безбедносни соработки и планови со цел да ја поддржи новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран.
- Бараме нови подрачја каде ќе соработуваме со нашите сојузници за да го зајакнеме притисокот врз иранскиот режим и го неутрализираме неговото дестабилизирачко влијание, наведе денеска портпаролот на Пентагон, мајорот Ејдриен Ренкин Геловеј.
Претходно, Трамп одби да потврди дека Иран постапува во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година и предупреди дека може да го поништи.
Трамп оцени дека Иран не се држи до духот на договорот за нуклеарното вооружување и најави нова стратегија кон таа држава.
– Објавувам дека не можеме и не сакаме да ја дадеме таа потврда, нагласи Трамп.
Тој наведе дека САД ќе го скратат патот на Иран кон развој на нуклеарно оружје.
Трамп во обраќање од Белата куќа најави дека неговата администрација ќе се обиде да се спротивстави на „дестабилизирачките активности“ на таа држава и ќе воведе дополнителни санкции за Иран за да се спречи како што тврди, нивното финансирање терористи.
Ново на Сител
-

Се комплицираат дополнителните избори за четирите општини во кои немаше цензус
-

Постизборни реакции: Власта задоволна - опозицијата молчи
-

Истрагата за Пулс и партиските донации за изборната кампања во фокусот на октомврискиот извештај на Транспаренси интернешнл
-

Се кратат парите за граѓанскиот сектор
-

Во купчето на сомнителни кардиохируршки интервенции и случаи од пред 15 години!
-

Нова значајна процедура на Кардиологија
-

АХВ спроведува превентивна вакцинација на животни против антракс после повеќегодишна пауза
-

Над 60% од интернет корисниците во Македонија купуваат онлајн
