-->
-->
Војската на Нигерија уби 13 припадници на Боко Харам
-->
Портпаролот на војската на Нигерија соопшти денеска дека нигериските трупи нападнале припадници на исламистичката организација Боко Харам во близина на езерото Чад, при што убиле 13 терористи и уапсиле 10 лица, меѓу кои и шест жени за кои се верува дека помагале при криумчарење на залихи за исламистите.
Полковник Тимоти Антиго наведе дека војниците на Оперативната група од Осмиот баталјон на Армијата цели 72 часа извршувале воена операција во регионот каде се криеле борците на Боко Харам.
Тој, исто така, нагласи дека 10 осомничени припадници на Боко Харам се упасени по дојава.
Антиго објасни дека упасените во моментов се под истрага, со цел да се утврди нивната вмешаност во терористичката организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино