Војската на Мјанмар уби 80 демонстранти во градот Баго
Најмалку 80 цивили загинаа за време на оружената интервенција на армијата на Мјанмар на протестите во градот Баго против воениот преврат и апсењето на избраните членови на владата.
Според британскиот весник „Индипендент“, војниците во областа Ма Га Дит во градот Баго отвориле оган врз демонстрантите кои продолжиле да протестираат и покрај предупредувањата.
Очевидци тврдат дека војниците отвориле оган од тешко оружје врз демонстрантите и фрлале рачни гранати. Најмалку 80 лица се убиени во нападот.
Во градот Таму во Мјанмар, граѓаните поставиле заседа на воен конвој и убиле тројца војници.
Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни.
Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси владините лидери, вклучувајќи ја и премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.
Досега се убиени повеќе од 600 цивили за време на масовните протести поради пучот кои започнаа на 6 февруари. Уапсени се речиси 3.000 лица, а за 520 се распишани потерници.
Ново на Сител
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Просечната плата во септември 45.466 денари
-

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово"
-

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
