ОН: Војната во Украина го влошува проблемот со гладот во светот
Дејвид Бисли, извршен директор на Светската програма за храна на ОН (WFP), предупредува дека војната во Украина создала „невидена криза“ од ескалирани цени на храната што предизвикува протести.
Бисли рече дека растечкиот глад ќе додаде уште 47 милиони на 26-те милиони кои, како што рече, веќе „умираат од глад“ пред руската инвазија на Украина.
На вчерашниот состанок на Светскиот совет за безбедност за проблемот со храната, Бисли рече дека 49 милиони луѓе во 43 земји веќе се изложени на ризик од глад. Тој посочи дека воениот конфликт во Украина, климатските промени и пандемијата Ковид-19 веќе влијаат на безбедноста на храната.
– Но, војната во Украина, главен производител на храна од 400 милиони луѓе, сега доведе до „најдолгите редици леб во светот“.
Бисли истакна дека националните лидери мора да помогнат во отворањето на украинските пристаништа и да влијаат да се зголеми производството на храна.
Ново на Сител
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
