Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто

Инфлацијата во еврозоната нагло се зголеми по порастот на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Ирак против Иран, јави ДПА.
На годишно ниво, цените на мало во март се зголемија за 2,5 отсто, покажува првичната процена објавена денеска од статистичарите на Евростат во Луксембург. За споредба, во февруари, стапката на инфлација изнесуваше 1,9 отсто.
Економистите очекуваа малку поголем пораст, односно во просек околу 2,6 отсто.
Европската централна банка (ЕЦБ) има за цел годишна стапка на инфлација на среден рок да изнесува два отсто, пренесува ДПА.
Во споредба со февруари, цените се зголемија за 1,2 отсто, а аналитичарите очекуваа пораст од 1,3 отсто.
„Масовниот пораст на цените на енергијата ја катапултираше инфлацијата нагоре во март“, рече главниот економист на Комерцбанк, Јерг Кремер, додавајќи дека „најдоцна до мај, веројатно ќе надмине три отсто.“
Доколку тоа се случи, високите трошоци за енергија би ги зголемиле и цените на многу други стоки, зголемувајќи ја основната инфлација – која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата – и сè уште не се зголемила во март.
„Зголемениот инфлациски притисок сугерира дека ЕЦБ ќе ги зголеми своите клучни каматни стапки најдоцна во април или јуни“, додаде Кремер, пренесен од германската агенција.
МИА
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
