„Војна на ѕвездите“ продолжува да урива рекорд по рекорд

Филмот „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ синоќа урна уште еден рекорд и докажа дека е „фабрика за пари“ и „магнет за гледачите“.
Новото продолжение од мегапопуларниот серијал стана филм со најголема заработувачка во историјата на северноамериканските кина, симнувајќи го од тронот веќе помалку заборавениот „Аватар“.
Импресивна е и брзината со кој филмот го постигна овој рекорд - за само 20 дена достигна заработка од 758 милиони долари, додека „Аватар“ тие финансиски средства ги содитгна за период од седум месеци.
- Горди сме на овие рекорди, но знаеме дека тоа не би било возможно без ентузијазмот и поддршката од фановите. Ние ги чувствуваме и не поттикнуваат секој ден за продолжување на светлата иднина на „Војна на ѕвездите“. Навистина дојде до будење и тоа благодарение на вас, објави компанијата „Дизни“ на службената страна на серијалот.
Седмото продолжение на серијата се уште „го лови“ рекордот на „Аватар“ од вкупна заработувачка кината ширум светот од 2,78 милијарди долари. Досега, Војна на ѕвездите: Силата се буди“ заработи 1,5 милијарди долари, но како што почна наскоро и тој рекорд би можел да падне.
Ново на Сител
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
