-->
-->
Војдан Стојановски: Сите треба да дојдат за да ги минеме претквалификациите
-->
Капитенот на кошаркарска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски очекува во претстојниот циклус на квалификации „црвено-жолтите“ да настапат во најдобриот расположлив состав кој го имаат во моментов.
Стојановски кој веќе трета година ќе ја има капитенската лента, се надева дека и ветераните Перо Антиќ и Ѓорѓи Чековски ќе му се стават на располагање на селекторот Јорданчо Давидков, а со тоа Македонија ќе биде многу посилна во августовските квалификации.
- Пред се, за нас е најважно да бидеме здрави и да се комплетираме – за ден два, а потоа да се подготвиме и да ги поминеме претквалификациите и да се вратиме каде што бевме пред две години. По надворешни линии сме одлични, но под кош не знам кој откажал или кој се двоуми за да знаеме како ќе изгледа тоа. Треба да дојдат сите за да ги минеме овие претквалификации кои се многу важни за нас, изјави капитенот Стојановски, на првата прозивка која синоќа ја направи селекторот Давитков.
Македонската репрезентација во претквалификациите за пласман на Мундијалот 2019 година ќе игра против селекциите на Косово и Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро