-->
-->
Војдан Стојановски и Едина Муса најдобри во мак-баскетот за 2015
-->
Очекувано, Војдан Стојановски го понесе признанието за најдобриот кошаркар на Македонија за 2015 година, во изборот на Македонската кошаркарска федерација, одржан синоќа во х. „Александар Палас’’ во Скопје.
Актуелен член на шпанскиот клуб Морабанк Андора, кој беше најдобриот поединец во црвено-жолтиот дрес на Македонија на последното ЕП во Загреб, сосема заслужено ќе го носи епитетот најдобар македонски кошаркар. Сепак Војдан поради клупски обврски не присуствуваше на свеченоста, па наградата во негово име ја прими неговиот постар брат екс-кошаркарот Огнен.
Во женска конкуренција Едина Муса е најдобра кошаркарка за 2015 година.
За тренери на годината се прогласени, Страшо Тодоровиќ од Куманово и Перо Стамески тренерот на Бадел 1862 во машка и женска конкуренција, додека шампионите МЗТ Скопје А. и Бадел 1862 беа избрани за екипи на годината.
Во младинска конкуренција. Поединечните признанијата им припаднаа на: Љубомир Младеновски и Ана Марија Шеќеровска (најдобари млади кошаркар), Срѓан Дамјановски и Влатко Мирковски (најдобри тренери во младинските категории).
МЗТ Скопје и Струга 2009 се прогласени за најдорбри младински екипи (машка и женска конкуренција).
Признанието најдобар судија му припадна на Александар Милојевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО