Воена делегација од американската сојузна држава Вермонт во посета на Македонија
Висока воена делегација на националната гарда (НГ) на американската сојузна држава Вермонт, предводена од Командантот на гардата, генерал-мајор Стивен Креј од до 21 септември ќе престојува во посета на Република Македонија.
Како што соопштија од прес-канцеларијата на ГШ на АРМ, делегацијата од НГ на Вермонт за време на неколкудневниот престој ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе изврши обиколка на дел од единиците на АРМ, а ќе присуствува и на завршната церемонија на безбедносниот форум во Охрид. Делегацијата на гардата на Вермонт ќе го посети и Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи.
Согласно агендата и протоколот денеска ќе се одржи пречекот на делегацијата од страна на НГШ на АРМ генерал-мајор Ѓурчиновски пред влезот во МО и ГШ на АРМ, по што ќе следува приемот на генерал-мајор Стивен Креј кај генерал-мајор Ѓурчиновски и билатерални разговори.
Националната гарда на Вермонт е партнер на АРМ со кој досегашната воена соработка навлегува во својата 25-та година. Преку воената контакт програма се реализирани голем број различни форми на обука и заеднички вежби кои помогнаа во голема мерка АРМ рамноправно со своите партнери да ги достигне стандардите на НАТО, наведуваат од прес-канцеларијата на ГШ на АРМ.
Ново на Сител
-
Таравари: Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина