Свет
22. August 2015 - 18:09

Воен авион се урна на аеро митинг во Велика Британија

Воен авион се урна денеска попладне на аеромитинг одржан на аеродрмот Шорхем, во близина на Брајтон, во јужниот дел на Велика Британија, при што се повредени неколку лица и оштетени неколку возила. 

Авионот, што претходно изведувал лупинг, при падот погодил неколку автомобили на автопатот А27, што води на север од аеродромот. 

Во инцидентот се повредени неколку лица, а пилотот е извлечен од запалените остатоци, соопшти полицијата на покраината. 

Станува збор за воен авион Хокер Хантер, борбен авион едносед што се произведува во Велика Британија од 50-тите години на минатиот век.