„Водовод и канализација“ - Скопје воведе нова услуга за електронско плаќање

„Плати брзо“ е новата услуга за слуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација - Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот - Мој Водовод.
На електронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија, што е поволно за оние корисници кои често патуваат или живеат во странство, соопшти претпријатието.
Со електронскиот систем, додава „Водовод и канализација“, се овозможуваат и сите шалтерски услуги како што е започнување процедура за ажурирање на личните податоци, преглед на долгови, плаќање сметки или рати, ажурирање на состојбата на потрошувачка на водомери, пријавување дефект, како и електронска достава на месечната фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки.
Новата услуга е достапна на линкот https://e.vodovod-skopje.com.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
