Македонија
27. October 2018 - 15:51

Водоснабдувањето во Црниче нормализирано

– Дефектот со водоснабдувањето на неколку улици во Црниче е саниран, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Корисниците од улиците „Димче Мирчев“, „Јордан Мијалков“, „Партение Зографски“ во Црниче и дел од улица Серска и Востаничка од 14:00 часот  имаа прекин во водоснабдувањето, а состојбата е нормализирана во 15:30 часот.

Прекинот во водоснабдувањето беше поради внатрешен дефект на улицата „Димче Мирчев“ бб во дворот на МВР во населба Центар.