Џет-Сет
16. November 2016 - 9:58

Водителката Елена и Жељко Јоксимовиќ на необична локација на утринско кафе!

Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ изминатата недела беше во Скопје се со цел да ги соопшти деталите поврзани за концертите на 1, 2 и 3 декември, а наедно пред домашните медиуми ги промовираше и двете нови видео изданија.

Покрај пресот за новинари, Јоксимовиќ беше гостин и во некои македонски емисии, а седна на интервју и кај нашата убава и шармантна водителка Елена Стојановска во утринската програма на телевизија Сител.

Откако го завршија официјалниот дел пред камери, Елена и Жељко решија да го овековечат моментот со една фотографија и тоа од Арената Филип II во Скопје.

Со шолја кафе во раката и насмевка на лицето, Јоксимовиќ искуси едно поинакво македонско утро, со наше кафе во кое се насладуваше во друштво на една од најубавите водителки.

1elena

2elena

И