Водите на велешкото езерото „Младост“ безбедни за капење и рекреација

Според последните анализи од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, квалитетот на водата во езерото „Младост“ одговара на бараните микробиолошки стандарди и таа може да се користи за капење, рекреација и наводнување.
Како што информира за МИА, прим. д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена и здравствена екологија од оваа јавна здравствена установа која континуирано го следи квалитетот на површинските води, мали отстапувања од бараната втора класа се однесуваат на параметри како зголемена матност (сатурација), кои не се однесуваат штетно по здравјето на луѓето и затоа водите во езерото „Младост“ можат да се користат за капење, рекреација и наводнување.
Таа појаснува дека резултатите на испитаната мостра на водата во реката Бабубна во горниот тек на мерното место Плажа 1 покажуваат оти таа не може да се користи за капење, рекреација и наводнување, затоа што е во трета класа според бактериолошка контаминација. Во однос на физичко-хемиските параметри водата во оваа река отстапува од бараната втора класа само во однос на зголемената сатурација.
Следењето на квалитетот на водата во реката Вардар кај Велес се врши на две мерни места – кај мостот на Башино Село и кај Долни Диќани на излез од градот.
Од резултатите на испитаните две мостри вода произлегува дека водата во реката Вардар е во петта класа по присутна матност, четврта класа по бактериолошка контаминација и трета класа по амонијак, нитрити и фосфати и поради тоа не треба да се користи за капење, рекреација и наводнување, појаснува Петрова.
Петрова информира дека земените мостри од Градскиот пливачки базен во Велес се исправни и базенот може да се користат за капење.
Ново на Сител
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
