Македонија
9. November 2026 - 17:34

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажале најновите извештаи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што попладнево соопштија од претпријатието, денеска од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, земени биле 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои еден примерок од бунарскиот потег Нерези.

- Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - се додава во соопштението.