-->
-->
Водата во Скопје безбедна за пиење
-->
Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, потврдува неделниот лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Според анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 14 до18 јули, сите испитани примероци одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Во наведениот период биле земени 212 примероци за физичко-хемиска и 212 примероци за микробиолошка анализа од 48 различни мерни места низ градот.
Резултатите покажуваат дека ниту еден примерок не отстапува од пропишаните норми, што значи дека скопјани можат без грижа да ја користат водата од градскиот водовод.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт