Водата во ООУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна за пиење
Водата во ООУ „11 Октомври“ во општина Центар е хемиски и бактериолошки исправна за пиење. Ова го покажале резултатите од испитувањето на шест мостри од водата од шест различни места во училиштето, кои биле испратени во Центарот за санитарна контрола и надзор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Резултатите од испитувањето на водата денеска пред Центарот за санитарна контрола и надзор ги соопшти Благоја Филиповски, портпарол на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Со ова, посочи тој, се демантираат шпекулациите дека водата била причина за труењето во училиштето.
- Ние секојдневно вршиме контроли на територијата на град Скопје на 50 различни места во денот. Водата не само што е безбедна за пиење, туку е втора по квалитет најдобра во Европа, рече Филиповски.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека дел од земените мостри се од одделот каде што биле пријавени најмногу ученици дека биле затруени.
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник