-->
-->
Водата од реката Бабуна и езерото „Младост“ кај Велес може да се користат за капење
-->
Водата во реката Бабуна кај Велес и во езерото „Младост“ е исправна и може да се користи за капење, според најновите анализи на Центарот за јавно здравје од Велес.
Како што информира д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена, и реката Бабуна и езерото „Младост“ се во втора категорија.
- Како и изминатите лета и ова, водите во нив се во втора класа поради извесни хемиски отстапувања на водата, односно процес на сатурација. Според нашите анализи тие материи не се штетни за здравјето на капачите и посетителите, без ризик по здравјето, може да се капат и во реката Бабуна и во езерото „Младост“, рече Петрова.
Таа истакна дека и во градскиот базен „Снупи“ водата е исправна и може да се користи за капење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти