Водата носи сé пред себе, најмалку три лица загинаа
Сцените со потопени автомобили, куќи, смрзнати и мокри луѓе, домашни миленичиња во кутии за спасување, се само дел од оние што може да се видат во неколку американски градови, погодени од поплави. Но не е се завршено.
Најмалку три лица загинаа, а уште двајца се повредени во поплавите во американските сојузни држави Мисисипи и Луизијана, поради што се евакуирани 1.000 граѓани.
Поради дождот кој паѓа веќе два дена гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс прогласи вонредна состојба, по што се затворени училиштата, државните институции и многу патишта, пренесува Ројтерс.
Во близина на градот Бејкер во Лизијана е пронајдено тело на 68-годишен маж, кој се удавил додека се обидувал да се евакуира од својот дом, изјави судскиот истражител Вилијам Кларк.
Покрај тоа на северот од Луизијана во едно камионче пронајдено е тело на неидентификуван маж, откако надојдената вода во однела неговото возило од патот во близина на градот Гринсбург, соопшти локалниот шериф.
Американската национална метеоролошка служба објави предупредување дека во текот на викендот може да дојде до поплави во деловите на јужен Мисисипи и на југоистокот од Луизијана, вклучувајќи го и Њу Орлеанс.
Истите сојузни држави поплави ги погодија и во март, кога загинаа најмалку 4 лица, а над илјада куќи беа оштетени.
Ново на Сител
-
ОЈО: Предлог за притвор на малолетник кој во автобус убодил 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница