-->
-->
Во живо: Македонија - Израел за место во финалето Евробаскетот
-->
Вниманието на македонската спортска јавност денеска е насочено кон Романија, каде јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија игра во полуфиналето на Европскиот шампионат.
Македонската репрезентација на кошаркари до 18 години, предводена од селекторот Тони Симиќ се бори за место во финалето на првенството што се одржува во Ородеа.
Задачата нема да биде нималку лесна имајќи в предвид дека противникот Израел како и нашата селекција до полуфиналето стигна со максимални шест победи.
Оттаму и овој полуфинален меч го доби и епитетот „финале пред финалето“.
Победникот од овој натпревар, во финалето ќе игра против подобриот од првиот полуфинален меч меѓу Полска и Чешка.
Поразените селекции ќе играат во дуелот за третото место, а покрај за бронзениот медал ќе се бори и за пласман во елитната „А дивизија“ на шампионатот догодина.
Натпреварот, Македонија - Израел кој ќе започне од 19 часот и 45 минути, може да го гледата на официјалната „Youtube“ страна на ФИБА односно на следниот линк

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава