Во Женева се одржуваат формални преговори за Сирија
Кабинетот на специјалниот претставик на ОН за Сирија Стафан де Мистура соопшти дека денеска во Женева се одржуваат формални преговори за Сирија меѓу спротивставените сириски делегации и заменикот на специјалнот пратеник за Сирија Рамзи Езелдин Рамзи.
Прелиминарните преговори за Сирија во Женева започнаа вчера, јавува Фена.
- Специјалниот претставник на ОН за Сирија со задоволство забележа дека сите повикани „актери“ за петтата рунда интерни разговори за Сирија пристигнале во Женева, стои во соопштението на кабинетот на Мистура.
Мистура се радува на формалната средба со учесниците во преговорите што ќе се одржат денеска, се наведува во соопштението.
Се очекува фокусот на новата рунда мировни преговори за Сирија ќе биде на владините и уставните прашања, на изборите, тероризмот, безбедноста и мерките за зајакнување на довербата.
Ново на Сител
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот