Во земјотресот во Турција повредени најмалку пет лица
Најмалку пет лица се повредени во земјотресот со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди градот Самат во југоисточна Турција.
- Во Самат и околината се урнати неколку згради, меѓу кои и едно училиште и резиденцијата на градоначалникот и локалниот гувернер, изјави градоначалникот на Самат, Јусуф Фират.
Тој додаде дека при уривањето на зградите никој не е повреден. Земјотресот предизвика паника меѓу граѓаните.
Според сеизмолошката опсерваторија „Кандили“, епицентарот на земјотресот бил во регионот на градот Самат во провинцијата Адијанам, а по него уследиле уште четири послаби потреси од кои два со интензитет од 4,2 и 4,4 степени според Рихтер .
Земјотресот, регистриран во 13.07 часот по локално време (12.07 часот по средноевропско време), бил на длабочина од 10 километри и се почувствувал и во окрузите Газиантеп, Килис, Батман и Шанлијурфа.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ